Јавното претпријатие за комунална дејност „Дебрца“ – Белчишта е локално јавно претпријатие формирано од Советот на поранешната Општина Белчишта, со Одлука за основање број 07-68/7 од 20.03.2000 година („Службен гласник на Општина Белчишта“, број 18/2000), заради организирано и квалитетно вршење на комуналните дејности и стопанисување со објектите на комуналната инфраструктура.
Со донесувањето на Законот за територијалната организација на единиците на локалната самоуправа во Република Македонија („Службен весник на РМ“, број 55/2004), со кој од поранешните општини Белчишта и Мешеишта се формира Општина Дебрца, основач на Јавното претпријатие е Советот на Општина Дебрца.
Во надлежности на ЈПК „Дебрца“ стојат следните дејности:
36.00 Собирање, обработка и снабдување со вода
37.00 Отстранување на отпадни води
38.11 Собирање на отпад
38.21 Обработка и отстранување на отпад
68.20 Издавање и управување со сопствен недвижен имот или недвижен имот земен под закуп/лизинг
81.29 Останати услуги на чистење, неспомнати на друго место
81.30 Услужни дејности за уредување и одржување на животната средина
93.11 Работа на спортските објекти
96.03 Погребни и слични дејности
Статутот на Јавното претпријатие за вршење на комунална дејност „Дебрца“ – Белчишта, со кој поблиску се уредуваат организацијата, уредувањето и раководењето со претпријатието, дејноста, општите акти и постапката за нивно донесување, информирањето, планирањето, како и други прашања од значење за комуналното претпријатие, Управниот одбор на Јавното претпријатие го донесе на седницата одржана на ден 03.04.2001 година.